Измени на Законот за персоналниот данок на доход

Од УЈП ги информираат даночните обврзници дека со Законот за изменување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.199 од 13.11.2015 година) продолжува ослободувањето од плаќање на персонален данок на доход за капитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, односно капитална добивка остваренa со продажба на хартии од вредност не се оданочува до 31.12.2018 година.