Нема да се доделува повелба Патрон на Охрид – „Свети Климент Охридски“ за 2015

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, денес ги разгледа апликациите по Конкурсот за доделување повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“.

Комисијата со жалење констатираше дека се пристигнати само 3 апликации за доделување на Повелбата што не е добар сигнал и што изразува демотивираност за општинските највисоки признанија. Охридската доблест и значење секако дека заслужува многу подобро и многу повеќе и како квантитет и како квалитет.

Воедно, со цел задржување на реномето на највисоките Општински признанија Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија едногласно одлучи за 2015 година да не се доделува ПОВЕЛБА – Патрон на Охрид – Свети Климент Охридски.

Оваа одлука воедно треба да биде чин кој треба да биде пресврт во ангажираноста , мотивираноста во промоцијата и развојот на Општината Охрид во наредниот период.