Во Охрид се градат повеќенаменски игралишта

Општина Охрид успешно го реализира проектот за изградба на повеќенаменски игралишта. Нови игралишта се изградени во населба „Лескајца“, кај „Подмоље“ ,во село „Трпејца“ а терен за одбојка на песок добија и жителите од населбата „Воска“.

Реконструирани се игралиштата на улиците „Крали Марко“ , и „Туристичка“ на излезот од Охрид, во населба „Црногорци“ и во село Лескоец. Нови кошеви за басќет се поставени на игралиштата во селата Горно и Долно Лакочереј а во тек е и реконструкцијата на игралиштето во населба „Радојца Новичиќ“.

Во тек е постапка за испитување на пазарот за изградба на фудбалски стадион во с. Лескоец за кој општина Охрид обезбеди средства од сопствениот буџет во вредност од 1.300.000 денари.

Во наредниот период планирано е да се изврши комплетна реконструкција на спортскиот терен во ОУ „Св. Климент Охридски“, изградба на најмалку 3 спортски терени за фудбал и тенис во СРЦ „Билјанини извори“ а предвидено е и повеќенаменско игралиште во населба „Видобишта“.

Во рамки на повеќенаменските игралишта има терени за кошарка, дел со детски реквизити а има и хортикултурно уреден простор на кој се поставени клупи.

За прв пат во Охрид игралишта се градат и во делови од градот кои долги години наназад биле запоставувани и во нив не се инвестирало ништо. Со реализација на овој проект неуредниот простор се оплеменува и добива нов лик.

Најголемиот број од игралиштата се долгогодишни желби на охриѓани а се градат по налог на градоначалникот Никола Бакрачески по неговите континуирани средби со жителите од различни урбани заедници.

Целта на проектот е повторно враќање на децата на маалските игри.