Намален бројот на живородени деца

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.3% и изнесува 6 081 живородени деца.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2015 година бележи зголемување од 0.5% во споредба со истото тримесечје од 2014 година и изнесува 4 514 лица, а од нив 41 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 1 567 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 0.6 % во споредба со истиот период од 2014 година и изнесува 4 432 брака.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат зголемување од 19.0% во споредба со истиот период од 2014 година и нивниот број изнесува 482.