Вчера издадени 2.724 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 26.11.2015 издадени се потврди на вкупно 2.724 странски државјани, од кои 1.251 се од машки пол, 553 се од женски, 704 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 216 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.503, Авганистан–777, Ирак-442 и други во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 26.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 284.299 странски државјани, од кои, 164.822 се од машки пол, 44.250 се од женски, 59.924 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.303 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-171.341, потоа Авганистан-66.165, Ирак-25.358, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-453, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 26.11.2015 до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 26.11.2015 година до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 26.11.2015 година евидентирани се вкупно дваесет баратели на азил од кои девет баратели на азил се мажи, две барателки на азил се жени, осум баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател и еден барател на азил е малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, десет баратели на азил (две малолетни лица со придружба на старател, шест малолетни лица без придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
25.11/ 21.00 ч. – 26.11 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на 118 лицa
Вода 82 литри
Чоколадно млеко 27 парчиња
Транспорт до болница 1

Гевгелија
Укажана прва помош на 525 лица
Вода 858 литри
Пакети со хигиена 4
Бисквити 2 кутии ( х 100)
Бебе сет 10
Ќебиња 153
Чорапи 20 пара
Кабаници 5.