Заеднички час на основците од „Григор Прличев“ и „Братство Единство“

Учениците од ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Братство Единство“ одржаа заеднички час на македонски и турски јазик, во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се реализира со основно училиште „Братство Единство“.

Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, се овозможува организација на заеднички активности и создавање услови со цел учениците да развиваат нови идеи и иницијативи за зајакнување на меѓуетничката соработка.

На крајот ученичките активности завршија со заеднички доручек со познатиот, охридски ѓеврек.

Инаку, целта на проектот е подобрување на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки.