Вкупна потрошувачка по видови енергенти во септември

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 562 979 МWh електрична енергија, 2.081 мил. nm3 природен гас, 455 091 тони јаглен и 82 807 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 59.1 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.4% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.