Бесплатни здравствени прегледи на стари лица во Охрид и Дебрца

Денес се заокружуваат активностите кои се реализираа во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица во организација на Црвен крст Охрид.

Во тек се бесплатни здравствени прегледи на стари лица во општината Дебрца, кои ги изведува медицински тим на Црвен крст Охрид, кој го сочинуваат лекар-кардиолог од Клиниката за кардиологија во Скопје, лекар-невролог од Здружението „Мозочен удар“ од Охрид и медицинска сестра.

Прегледите ќе се изведуваат и во Охрид на плоштадот Крушевска Република (Чинар) денес од 13:00 часот.

Покрај едукативните материјали и совети од стручните лица, на старите лица ќе им биде мерен крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта и мерење на ритамот и електричната активност на срцето (ЕКГ).