СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ј.(56) од Охрид, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „противправно лишување од слобода“.
На 18.11.2015 година, околу 10.30 часот, во Охрид, додека Г.М.(42) од Охрид се движела пеш, пријавениот застанал со патничко возило „мерцедес“ и со употреба на физичка сила насилно ја внел во возилото, по што ја однел во канцелариите на фирмата „Триус“-Охрид, каде физички ја нападнал нанесувајќи и телесни повреди.