Основци од „Христо Узунов“ постигнаа одлични резултати на Школата „Млади физичари“

На 27-ми и 28-ми Ноември на Природно математичкиот Факултет во Скопје се одржа 40- тата Школа „Млади физичари“ .

Основното училиште Христо Узунов Охрид учествуваше со учениците од 9-то одделение Викторија Пановскa и Александар Грунчевски под водство на менторот Вера Зороска.

Ученичката Викторија Пановска во натпреварот во демонстрации го освои ПРВОТО место со презентацијата на Проектот определување на масата на планината Галичица.

На тест натпреварот за знаења за 9 одделение Викторија Пановска го освои ТРЕТОТО место, а ученикот Александар Грунчевски го освои ЧЕТВРТОТО МЕСТО.

HristoUzunovSkolaMladiFizicari02 HristoUzunovSkolaMladiFizicari03