Пронајдена дрога кај лица од Неготино во дискотека во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(21) и Д.А.(27), двајцата од Неготино, поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 01.08.2015 година, во 02.50 часот, во дискотека во Охрид од страна на полициски службеници биле затекнати пријавените во друштво со Д.С.(23) од Неготино и Б.В.(23) од Прилеп, а при извршен преглед се пронајдени 0,62 грама наркотична дрога марихуана и три таблети „МДМА“.

Од преземени мерки утврдено е дека Н.П. му овозможил на Д.А. да консумира од екстазите, додека пак Д.А. им овозможил да уживаат марихуана на Д.С. и Б.В.