ФАДФ „Камера 300“ во посета на ОУ „Св Климент Охридски“

По повод Патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, во посета на училиштето беше директорот на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, Стефан Хаџиандоновски, заедно со други претставници.

Учениците имаа можност да проследат предавање по повод големиот јубилеј 110 години од снимањето на првиот филм во историјата на филмот кај нас, филмот „Предачки“, сниман 1905 год. од страна на браќата Манаки. Исто така, со голем интерес беше проследена проекцијата на наградени филмови на овогодинешниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, на кој учествуваше и училиштето „Св. Климент Охридски“ со играно-документарниот филм „Ана Франк“ по сценарио и режија на Никица Мишева, камерман Димитрие Ристески и монтажер Борче Трифуноски.

„Од оваа средба произлезе договор за меѓусебна соработка, што претставува особена чест и задоволство и ќе придонесе за афирмација на училиштето во јавноста.“– велат од училиштето.