Денес во ОУ „Св.Климент Охридски“, по повод патрониот празник на училиштето ќе гостуваат претставници од Меѓународниот аматерски филмски фестивал „Камера 300“.
Во училиштето ќе биде одржано предавање за филмот со учениците од предметна настава, а после тоа ќе бидат проектирани наградените три филма од овогодинешниот натпревар на филмскиот фестивал.
Инаку, патронатот ќе се одржи на 7-ми декември, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.