Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе се сретне со Здружението на глуви и наглуви лица

Во согласност со програмските активности предвидени во Годишната програма за работа, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, денес ќе оствари работна средба со Здружението на глуви и наглуви лица на град Охрид.

Средбата значи оддавање должно внимание на глувите и наглуви лица како посебна и ранлива категорија учесници во сообраќајот и е поврзана со заложбите на Општинскиот совет за подигнување на степенот на безбедност на сите учесници во сообраќајот, подигнување на јавната свест за потребите од повнимателно, поактивно, правилно и поодговорно учество во сообраќајот. Средбата има за цел и да се слушнат проблемите со кој тие се соочуваат во сообраќајот но и забелешките, мислењата, ставовите и потребите на Здружението на глуви и наглуви лица насочени кон подобрување на нивната улога и безбедно учество во сообраќајот.

Денешната средба значи продолжување на напорите на Општинскиот совет како општествено одговорен субјект, за унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, заштита на сите учесници во сообраќајот на патиштата и подигнување на степенот на безбедносната сообраќајна култура.

Средбата ќе се одржи денес во 12 часот во просториите на Здружението на глуви и наглуви лица на град Охрид, лоцирано на булеварот „Туристичка“ 10/3 во близина на маркетот „Тинекс“.