Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, изнесува 102.0.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи опаѓање од 2.0%, а пораст бележи во секторот Преработувачка индустрија од 2.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0.8%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.2 % и Капитални производи за 18.4%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.8%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4% и Енергија за 1.3%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на периодот јануари – октомври 2014 година, изнесува 101.8.