ОУ „Христо Узунов“ традиционално дел од акцијата „Ден на дрвото“

Како и при секоја акција за „Денот на Дрвото“, ОУ „Христо Узунов“ Охрид и денес организираше акција за засадување на дрва во рамките на училишниот двор, со присуство на наставниците и учениците од училиштето. Оваа година беа засадена садници кои ќе имаат и заштитна и естетска функција на делот на влезот во Училиштето од страната на улицата „Питу Гули“.

„Традиционално ја обогатуваме уреденоста на училиштето и внесуваме воспитна компонента кај учениците за да развијат посебен однос кон природата. Тоа го правиме и на овој ден и секој друг ден во годината“. – изјави директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

На засадувањето присуствуваше и преставникот на Министерството за животна средина и просторно планирање и советник во советот на Општина Охрид, Дејан Пановски кој посочи дека засадувањето на дрво е спомен за секое едно исечено дрво и воедно и инвестиција во квалитетна животна средина кон која мора да се стремиме заради создавање здрава генерација.

IMG_20151202_095043