По повод 3ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии Порака Нова од Струга организира настан за одбележување на денот насловен како „Инклузивна Уметност“, кој ќе се одржи утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток од 18:00 часот.
Настанот се организира во соработка со Здружението на слепи од Охрид, Здружението на слепи од Струга, Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Здружението на глуви и наглуви од Струга, Здружението Добротољубие 2014 при црквата „Св. Ѓорѓија“ од Охрид, Дневниот Центар Зраци од Охрид, Посебната Паралелна од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Струга и Посебните Паралелки од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид.