Меѓународен ден на лицата со хендикеп

Меѓународниот ден на лицата со хендикеп се одбележува ширум целиот свет секоја година на 3 декември, според резолуцијата 47/3 на Генералното собрание на Обединетите нации од 14 октомври 1992 година, за поттикнување на свеста, развој и поддршка за критичните прашања кои се однесуваат на вклучување на лицата со хендикеп во општеството.

Околу една милијарда луѓе во светот живеат со хендикеп и се соочуваат со многу пречки за вклучување во многу аспекти од општеството. Како резултат на тоа, луѓето со хендикеп не уживаат пристап до општеството на еднаква основа со другите, која ги вклучува областите на транспортот, вработување и образование, како и социјалната и политичката партиципација.

Правото да учествуваат во јавниот живот е од суштинско значење за да се создадат стабилни демократии, активно граѓанство и намалување на нееднаквостите во општеството.

WebOhrid