Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, упати честитка до сограѓаните коишто го одбележуваат овој ден. Во честитката на претседателот Заев се вели:
„Почитувани мои сограѓани,
Не само на денешен ден, туку сите денови во текот на година ви припаѓаат Вам како и на сите други граѓани. Сите ние сме еднакви граѓани, еднакви луѓе.
Свесни сме дека лицата со инвалидитет, лицата со попреченост се уште се соочуваат со серија проблеми во секојдневниот живот.
Но, се може да се надмине, секој проблем може да се ублажи, да се реши, ако сите ние заедно допринесеме кон тоа.
Примарна цел на Социјалдемократскиот сојуз е зголемување на социјалната и општествена вклученост на нашите сограѓни, лицата со попреченост.
СДСМ и денеска, но и по промените и превземањето на власта ќе направи се, Вие, нашите сограѓани, и Вашите семејства, не само да ви го олесниме животот, туку вистински да се чувствувате достоинствено и гордо.
Потребно ни е општество кое се грижи сите ние да добиеме можност да го дадеме максимумот во негова изградба. Македонија ќе биде горда држава само ако секој нејзин граѓанин активно учествува во изградба на општество, еднакво за сите.
Само така може општеството да биде отворено за сите граѓани кои имаат различни потреби.
Крајно време е заедно, Македонија да ја изградиме како едно општество за сите!“– изјави Заев.