Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице при вршење на службено дејствие“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ш.А. (54) од Струга.
На дванаесетти минатиот месец, пријавениот извршил физички напад врз полициски службеник од полициската станица во Струга, нанесувајќи му удари со раце и нозе во пределот на телото и вратот.
Настанот се случил во угостителскиот објект „Палестина“ во Струга околу 16 часот, каде Ш.А. во алкохолизирана состојба со нож упатил закани по животот на сопственикот на ресторантот и започнал да го оштетува инвентарот.
По пријавување на сопственикот, а со цел спречување на јавниот ред и мир и оштетувањата, интервенирале полициските службеници. При обид за приведување, пријавениот давал активен отпор, а во еден момент и физички нападнал полициски службеник ударајќи го со раце и нозе во пределот на телото и вратот.
Набрзо, агресивниот Ш.А. е приведен во полициската станица каде е извршено алкотестирање.