СДСМ: Кривична пријава за злоупотребите во Министерството

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денес во изјава за медиумите истакна:

„Врз основа на одржаната прес конференција на 4-ти декември оваа година и врз основа на основаните сомненија за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувања на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ а сегашен раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, Илија Србиновски, денеска до јавното обвинитеслтво за гонење на организиран криминал и корупција, како дополнителен заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поднесов кривична пријава заедно со сите докази коишто беа презентирани.

Никола Греувски за овој огромен скандал одбра да молчи и да ги сокрие малверзациите коишто биле правени со доделувањето на државното земјоделско земјиште и искористувањето на сите програми од страна на овој раководител и на неговите фирми.

Јас како дополнителен заменик министер и ние како СДСМ нема да молчиме. Ќе работиме во интерес на граѓаните и во интерес на земјоделците.

Секој кој се огрешил пред законот мора да одговара.“- изјави Николовски.