Охриѓани со духовна процесија „Сите кон Свети Климент“ му оддадоа почит на својот заштитник

Трета година по ред охриѓани со духовната процесија „Сите кон Св.Климент“, во пресрет на празникот, му оддадоа почит на својот заштитник. Традиционално, процесијата започна пред споменикот на светецот од градскиот плоштад. Со свеќи во рацете и со икона од Свети Климент Охридски, голем број охриѓани, од градскиот плоштад низ улиците од стариот град се упатија во храмот на Плаошник, каде присуствуваа на празничната вечерна богослужба.

Утре, со почеток во 9 часот и триесет минути, градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на делегациите кои се во Охрид во чест на патронот на градот, ќе присустуваат на свечената литургија во Светиклиментовиот храм на Плаошник.