Запленети девизи, акцизни производи, автоделови, лекови, облека, техничка стока, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, вино, моторцикл, автоделови, лекови, компресор, парфеми, тоалетни води, балони, облека, преносни компјутери, тапи за риболов, чаеви и фалсификати. Задржана е следната стока:

Девизи

– 4.500 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонски државјани, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во џебовите од јакната и фармерките на патникот се пронајдени вкупно 4.800 евра и 2.000 швајцарски франци за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 швајцарски франци и 300 евра (противвредност на 2.000 евра), износ што резидент може слободно да го изнесе од државата. За сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Акцизна стока

– 8 штеки цигари LD Violet slims и Benston со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево. Цигарите се пронајдени зад командната табла, во просторот за бришачи и во филтерот за воздух на возилото. Против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка за сторениот прекршок.

– 48 шишиња (0,75 L) вино откриени при контрола на македонско возило, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавеното вино, пронајдено е во осум картонски кутии сместени во кабината на возилото. Стоката е привремено задржано, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

Автоделови

– 1 употребуван моторцикл марка BENELI 110 и 54 употребувани трапови за патнички возила откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Италија- Делчево, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во багажниот простор е пронајден непријавен употребуван моторцикл, сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот. Покрај тоа, при проверка на документите на моторциклот утврдено е дека бројот втиснат на шасијата на одговара на бројот наведен во сообраќајната довола.

Во вториот случај, при контрола на половни делови за патнички возила со потекло од Белгија, наменети за увозник од Велес, пријавени за увозно царинење на царинската испостава Гевгелија, се пронајдени 54 употребувани трапови за патнички возилашто не биле опфатени со царинските документи.

Во двата случаи, непријавените производи се привремено задржани а против прекршителите се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Лекови и друго

-507 пакувања со разни лекови, 1 компресор за клима за камион, 120 парфеми, 65 тоалетни води и 5.000 балони, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на турски автобус што сообраќал на релација Истанбул-Пеќ. Автобусот бил сопрен во близина на наплатната рампа Миладиновци, по што бил спроведен до царинската испостава Скопје 4, каде била извршена детална контрола. Непријавените производи се пронајдени во повеќе пакети и најлонски кеси сокриени во просторот под тоалетот, во вентилацијата над седиштата и во багажниот простор. Против возачот на автобусот, македонски државјанин, кој изјвил дека непријавената стока е негова, ќе биде поведена соодветна постапка.

Облека

– 14 парчиња кожни и крзнени јакни и елеци, откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи се пронајдени во две патни торби сместени во багажниот простор, како и на закачалка над двете предни седишта покриени со пешкири, а нивната вредност изнесува 84.000 денари, при што се избегнати царински давачки во износ од 32.466 денари. Стоката е привремено задржана а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка

– 169 парчиња облека (долна облека и детски тренерки), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во внатрешноста на ракавите на три зимски јакни сметени на задното седиште, во една патна торба сместена на совозачкото седиште врз која седела сопругата на возачот и во командната табла, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Техничка стока

– 9 употребувани преносни компјутери LIFE BOOK E 780, E 8310 со вклучени торби и приклучни кабли и 2 нови тастатури, откриени при контрола на употребувани компјутери со потекло од Виена, наменети за увозник од Скопје, пријавени за увозно царинење на царинската испостава Скопје 2. Непријавените производи се привремено задржани а против увозникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Останато

– 575 флуоресцентни тапи за риболов од 3,4,5 и 6 грама, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените тапи, пронајдени во две картонски кутии сместени на долниот кревет и во кабината на возилото, се привремено задржани, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

– 136 пакувања чаеви FEMINA TIRO, FEMINA и IMUNO STRES ART, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените чаеви, пронајдени во најлонски кеси и две торби сместени зад возачкото седиште, пред и зад совозачкото седиште, на задното седиште и во багажниот простор, се привремено задржани, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектулна сопственост

– 1 комплет печатар со прибори 160 таблети со ознаки на заштитена трговска марка, откриени во два одвоени случаи на царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење.

Во првиот случај, при контрола на брза пратка од Индија, наменета за физичко лице од Скопје, се пронајдени 160 таблети со ознаки на заштитена трговска марка, а во вториот случај, при контрола на пратка од Кина, наменета за увозник од Скопје е пронајден 1 комплет печатар со прибор.

Во двата случаи сомнителната стока е привремено задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи, Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на нивната оригиналност.

– 396 сета играчки и 12 парчиња детски автомобили со акумулатори со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на разна стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Прилеп, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Струга. Вредноста на сомнителната стока е проценета на околу 320.800 денари, кога би се продавала како оригинална.

– 520 надворешни гуми за патнички и товарни моторни возила со ознаки на позната трговска марка, откриени на царинската испостава Гевгелија, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје. Фактурнатавредност на сомнителната стока изнесува 1.372.538 денари.