На денот кога го прославуваме споменот на светиот великомаченик Ѓорѓи и на светиот Алимпиј Столпник, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архирејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачеки и Роберт Илијевски и ѓаконот Сашо Целески.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригидна беседа.