Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Израел положи цвеќе во Меморијалниот центар на жртвите од холокаустот „Јад Васхем“ во Ерусалим.
Овој Меморијален центар е најголемиот во Израел и е дел од воспоставената пракса на Израел при официјалните посети на државници од странство.