Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите

Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.208 од 26.11.2015 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 31 декември 2016 година.

Ова значи дека за сите авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2016 година.