На 16.12.2015 година (среда) со почеток во 12 часот, во големата сала на општина Охрид, ќе се одржи јавна расправа по нацрт- фискалната стратегија и развојните програми на општина Охрид за 2016 година.
На јавната расправа по фискалната стратегија, која е достапна на официјалната општинска веб- страница, можат да учествуваат заинтересирани граѓани, правни лица, здруженија на граѓани и институции.