Уште еден голем успех на охридските Бреинобреин генијалци

На еден од најголемите светски фестивали на кои се презентираат стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, кој на 5-ти декември оваа година се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во конкуренција од 2000 натпреварувачи, 9 охридски генијалци од Центарот за развивање на животни вештини при Црвен крст Охрид кои ја следат БРЕИНОБРЕИН програмата, освоија вредни награди и признанија.

Тие се закитија со 4 трофеи и 3 сребрени медалји.