Хит претставата „Детектор за лаги”, утре повторно e на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
Билетите се во продажба на билетарата на Центарот за култура.