Кузески: Хаосот што Тодоров и Груевски го направија во здравството се случува и во охридската Општа болница

Хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направија во здравството се случува и во Општата болница во Охрид, рече на денешната прес-конференција Секретарот и портпарол на ОО на СДСМ Охрид, м-р Александар Кузески.

Тој кажа дека во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското „одделение немало греење.

„Во ек на ниски температури, пациентите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да си обезбедат минимум соодветни услови за својот престој. Ситуацијата е крајно драматична, затоа што пациентите се соочени со крајно лоши и нехумани услови.“– рече Кузески и додаде:

„Општата болницата години наназад ја тресат скандали, почнувајќи од нејзината екстремно скапа изградба, до немање соодветен персонал, посебно доктори специјалисти, несоодветни услови и грижа за болните. Згрозени сме од лицемерието на власта во заминување. СДСМ нема да дозволи, ниту сега, ниту понатаму власта да им ги зема парите на старите лица, а притоа да им пружа заштита која е под секое човечко достоинство! Граѓаните знаат дека тоа е последица на нивните погрешни политики и затоа граѓаните имаат една заедничка идеја: Збогум Никола!“– додаде Кузески.