Екипирани службите на ЈП „Охридски Комуналец“ за зимско одржување на патиштата

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ беа ангажирани со одржување на јавната чистота во У.З.14 „Радојца Новичиќ“.

„Опфатени беа улиците „Радојца Новичиќ“,  „Кленоец“ и сите пристапни улици, патеки и тротоари. Темелно се расчистени јавните површини од наноси од земја, песок и отстранета е ниската вегетација.“– велат од претпријатието.

Овие активности се одвиваат по динамика која е дефинирана во Програмата за работа за 2015 година.

Согласно задолженијата кои ги има ЈП „Охридски комуналец“ по „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2015/2016 год.“ екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет.

„Заради специфичноста на теренот во стариот дел од градот на одредени пунктови се депонирани абразивни средства.“– додавват оттаму.

radojca