Селективниот камп У21 и фудбалерите од Прва МФЛ одиграа без голови

На градскиот стадион во Велес се одигра контролен натпревар помеѓу играчите од селективниот камп на репрезентација до 21 година предводена од Благоја Милевски и селекцијата составена од домашни фудбалери. Натпреварот заврши нерешено без погодоци.

Во првото полувреме се играше доста отворено, со по неколку добри прилики пред двата шеснаесетника. Во продолжението, темпото опадна, селекцијата на домашни фудбалери од првата македонска фудбалска лига доминираше, меѓутоа без ефикасност во реализацијата.

СЕЛЕКТИВЕН КАМП У 21: Дамјан Шишковски, Егзон Бејтуалаи, Висар Муслиу, Леон Најдовски, Хакан Реџеп, Мелих Картал, Едуард Жута, Тихомир Костадинов, Демир Имери, Филип Пивковски, Борко Георгиев;

ФУДБАЛЕРИ ОД ПМФЛ: Игор Алексовски, Горан Сиљановски, Дарко Глишиќ, Дарко Стојанов, Кире Ристевски, Бојан Најденов, Бесарт Ибраими, Арменд Алими, Филип Ивановски, Марјан Алтипармаковски, Марјан Радески;