Вчера издадени 2.621 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 13.12.2015 издадени се потврди на вкупно 2.621 странски државјани, од кои 1.100 се од машки пол, 563 се од женски, 937 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 21 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–953, Сирија-945 и Ирак-723.

Во периодот од 19.06.2015 до 13.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 336.841 странски државјани, од кои, 188.040 се од машки пол, 54.953 се од женски, 75.971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.877 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-193.586 потоа Авганистан-81.939, Ирак-39.875, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 13.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 13.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13.12.2015 година евидентирани се вкупно 25 баратели на азил од кои седум мажи, три жени, 14 деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил ( две малолетни лица без придружба на старател и два мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
10.12/ 21.00 ч. – 13.12 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на 680 лицa
Вода 1140 шишиња
Пакети со храна 224
Пакети со хигиена 30
Бебе сет 53
Ќебиња 433
Чоколадно млеко 327
Шише за бебе 31
Влажни марамици 26
Вреќи за спиење 42
Пелени за бебе 87
Крема за бебе 29

Гевгелија
Укажана прва помош на 2192 лица
Вода 6576 шишиња
Пакети со храна 1095
Пакети со хигиена 52
Бисквити 50 кутии ( х 100)
Бебе сет 80
Ќебиња 632
Млеко за бебе 35
Влажни марамици 20
Пелени за бебе 96
Шишиња за бебе 11
Јакни 99.