Започнува имплементационата фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен

Во среда, 16-ти декември со организирање на Почетниот состанок во Тирана, започнува имплементационата фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен, финансики поддржан од Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ). Проектот стартува со имплементацијата на 5те негови компоненти : Консолидација на зедничкото знаење во Басенот – со цел заедничка анализа и мониторинг , изградба на основа за заедничко управување-изготвување на Стратешки План за басенот , институционално зајакнување –со цел формирање на заедничка Дримска Комисија, демонстрација за технологии и практики преку пилот проекти во басенот , инволвирање на јавноста во донесување на одлуките и подигање на јавна свест.

На Почетниот состанок во Тирана од македонска страна ќе се обрати Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, а презентација за Проектот ќе одржи Дејан Пановски еден од иницијаторите на Дримскиот процес.

„Почетокот на имплементација на ГЕФ проектот за Дримскиот Басен доаѓа после многу работа и верба во визијата за нашиот Регион. Меѓународните институции ја препознаа таа визија и го поддржаа проектот. Ова ќе биде најголем предизвик од сите досегашни процеси на кои сме работеле , но навикнати сме веќе да сме пионери во управувањето со водените ресурси во нашиот регионот. Придобивките одат во правец на еколошка заштита во Басенот, размена на мониторинг податоци од сите страни, мерки против поплави, заштита на екосистемот преку пилот проекти , изготвување на заеднички план за управување кој ќе го подобри управувањето посебно на Охридското Езеро како основа и промоција на Басенот како туристичка атракција. Ова е еден од најголемите резултати на долгогодишната работа“-вели Пановски.

ГЕФ проектот за ДРИМ доаѓа како логично продолжение на охридската декларација за Дрим, на процесот Дримскиот Дијалог започнат во 2009 година и на потпишаниот Меморандум за Заедничка визија од страна на петте држави потпишан во 2011 г. што е рамка на целиот процес. Во ГЕФ проектот за ДРИМСКИОТ басен ќе учествуваат 5 држави Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово и Грција како партнер. Имплементациона агенција ќе биде УНДП а носители на активностите се Министерствата надлежни за животна средина од сите инволвирани држави. Предвидено е во активностите на Проектот да учествуваат голем број на надлежни институции, локални самоуправи, невладин сектор и други интересенти од Дримскиот Басен. Проектот е предвидено да трае 4 години и за него ГЕФ одвои вкупни 5,5 милиони долари кои ќе се имплементираат преку надлежните министерства.

drin river basin