Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2015 година изнесува 61 655, а бројот на ноќевањата изнесува 142 503.
Бројот на туристите во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е намален за 0.7%, а бројот на ноќевањата е намален за 0.9%.
Бројот на домашните туристи во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е намален за 5.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е намален за 6.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3.5%.
Во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 10.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.7%, а кај странските има зголемување
за 14.0%.
Во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.6%, а кај странските има зголемување за 12.5%.