Министерство за култура –Управа за заштита на културното наследство ќе ја претставува Македонија презентирајќи книги, брошури, видеа и друг вид на промотивен материјал за македонските археолошки локалитети, цркви, градови, природни богатства, но и традиционална храна и македонски вина …
Република Македонија за прв пат ќе учествува на 17. издание на Берзата за археолошки туризам во Италија, која од 30 октомври до 2 ноември ќе се одржи во градот Салерно. Станува збор за интернационален настан во кој Италија и други земји, гости од цел свет, преку различни активности ги претстатвуваат своите културни богатства, разменувајќи искуства и презентирајќи ги најпознатите археолошки наоѓалишта, сакрални споменици, природни богатства и друго. Оваа година ќе учествуваат над 20 земји од цел свет, меѓу кои Аргентина, Малта, Португалија, Словенија, Хрватска, Венецуела, Романија, Азербејџан и други.
Министерство за култура –Управа за заштита на културното наследство ќе ја претставува Македонија презентирајќи книги, брошури, видеа и друг вид на промотивен материјал за македонските археолошки локалитети, цркви, градови, природни богатства, но и традиционална храна и македонски вина. Меѓу видео записите ќе бидат и Macedonia Timless и Wonderful Macedonia.
Македонското претставување на Берзата за археолошки туризам во Италија е во организација на Министерство за култура –Управа за заштита на културното наследство, а во соработка со националните и локални музеи и заводи ширум земјата, општините, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот други установи.
Берзата за археолошки туризам во Салерно почнала да се реализира од 1997 година. Според податоците на организаторите, секоја година има неколку илијади посетители од цел свет, стотици новинари, како и излагачи и претставници на UNESKO, ICCROM и други органозации. Станува збор за комплексна и разновидна манифестација која опфаќа мноштво настани: промоција на културно и природно наследство, предавања, конференции, дискусии, берза на која се продаваат туристички понуди и друго.