Делегации на македонската комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работни односи во втор степен предводена од претседателката Ирена Брзанова и Државната второстепена комисија на Литванија предводена од претседателката Јурата Микалчејене, денес имаа работна средба со заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев.
На средбата беа разменети искуства меѓу двете комисии во решавањето на управни спорови во постапки во втор степен, што е дел од проектот за соработка, финансиран од фондовите на Европската унија.