Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводна линија ф 125мм, кај кружниот тек на Ул. 15-ти Корпус и Железничка, од моментов па се до отстранување на дефектот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „15-ти Корпус“, „Радојца Новичиќ“, „Живко Чинго“ и „Ристо Чадо“ како и на дел од улиците „7-ми Ноември“, „Питу Гули“ и „Железничка“.