Иако децата просто ја обожаваат оваа играчка воопшто не е безопасна. Во деновите што им претходат на празниците поголемиот број луѓе ја користат приликата да им купи на своите најмили некој подарок. Децата на ништо не се радуваат како на играчките, па затоа родителите најчесто тоа и го купуваат.
Сепак мора добро да водите сметка какви играчки купувате!
Кога станува збор за момчињата, постои една играчка што тие просто ја обожаваат и тоа важи за сите генерации, а сигурно и вие самите сте си играле со ласер. Тие обожаваат да го вперат во нешто и да ја набљудуваат црвената точка на местото каде ја „испратиле“ магичната црвена светлина, но оваа играчка не е воопшто безопасна.
За тоа сведочи и случајот со ова 14-годишно момче што поради ласерот неповратно загубило 75 отсто од видот! Имено, тој од љубопитност директно гледал во ласерот само на секунда, а по неколку мига почувствувал дека видот му се замаглува, пренесува „Дејли меил“.
Како што им раскажал на родителите и на лекарите, не почувствувал никаква болка во подрачјето на очите, но набрзо сфатил дека гледа се послабо.
Родителите го однеле кај офтамолог, кој востановил дека мрежницата на неговото око буквално е изгорена и дека оштетувањето на видот е неповратно!
Неговиот вид падна на 25 отсто и малку е веројатно дека било што ќе се поправи. На подрачјето на изгорениците никогаш повеќе нема да гледа, а деталите ќе ги дознаеме кога ќе поминат изгорениците, истакнал офтамологот Бен Армитаж што го прегледал момчето.
Родителите се надевале дека можеби ќе му помогнат очилата, биле и кај друг офтамолог, но дијагнозата на Армитаж секој пат одново била потврдувана.
„Тоа може сликовито да се објасни врз примерот на старите камери. Ако филмот во заднината е оштетен, не е важно колку ви е добра леќата. За жал, кај ова момче е оштетен токму тој клучен дел од окото“, заклучил офтамологот.
Извор: Нет Прес