Сојузот за иднината ја промовира изборната програма

Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа промоција на изборната програма на Сојузот за иднината и кандидатот за градоначалник, актуелниот градоначалник Александар Петрески. Пред голем број присутни граѓани, симпатизери и поддржувачи на партијата прв се обрaти претседателот на ОО ЛДП Дејан Блажески.

„Програмата сама по себе само напишана не значи ништо, нејзе треба да ја спроведат професионалци тоа сме ние, ветуваме дека ќе ја спроведеме оваа листа од народот за народот. Во секој говор зборувам за младите и пак ќе ги повикам, останете достоинствени, немојте да дозволите да ве поткупуваат, треба да направиме Ацо да биде по трет пат, затоа што не постои градоначалник кој што вработи повеќе млади луѓе од него, тоа го зборуваат бројките. Не смееме повторно да го дадеме Охрид, за Ацо по трет пат. Ќе ја изводиме оваа битка и нема да им го дадеме Охрид. Не сакаме Охрид 2014, сакаме Охрид онаков модерен во кој сите сложно и заедно ќе живееме, без оглед на национална припадност, без оглед и без поделба по секоја основа што предизвикува дискриминација“. – истакна Блажески.

Пред присутните во салата кратко се обрати и носителот на совеничката листа Јован Стојаноски.

„Оваа изборна пограма не е насочена само кон туризмот, Охрид не е само овој строг ценар. Овде е и нашиот Лакочереј, Лескоец, Охрид е и Косел, Охрид е и сето крајбрежје и сите оние места кои што овие денови ги поминуваме“. – истакна Стојаноски.

Кандидатот за градоначалник Александар Петрески најпрво во својот говор ги поздрави сите присутни во салата, ги поздрави и Египќаните, Албанците, Турците, а на крај ја поздрави и својата мајка која исто така беше присутна во салата.

„Мојот противкандидат ни нуди Изборна програма во која 90 проценти од проектите ќе ги финансирала Владата. Која црна Влада? Оваа на Никола Груевски одамна ја отсвира својата последна песна. Нејзиното заврши. После септември ќе дојде друга влада. Таа влада ќе ги надомести сите гревови што на Охрид му ги нанесе Груевски, само заради тоа што не можеше да ги прежали претходните два порази во Охрид. Овој сега, на 24 Март, ќе биде неговиот најголем пораз во Охрид, бидејќи тој ќе биде и конечниот крај на забеганото владеење на оваа власт“. – истакна Петрески.

Како што кажа Петрески како и во изминатите осум години, така и во следните 4 години секој ден ќе биде со граѓаните, ќе биде насекаде каде што има проблеми, од кои решени се многу од нив, но останале уште многу за решавање.

Во изборната програма за наредните 4 години, планирани се следните капитални инвестиции: Гасификација на јавни, стопански објекти и домаќинства; Изградба на водоснабдителен систем – „Свинишки извори“ и производство на електрична енергија; Изградба на пречистителни станици и конечно решавање на проблемот со одпадните води во Трпејца и Љубаништа; Изградба на пет нови кружни крстосници на „Булевар Туристичка“ и изградба на два надземни пешачки премини; Изградба на четири катни гаражи во централното градско подрачје; Изградба на современ пазар со подземни паркинг места и други пропратни содржини; Изградба на современ затворен пливачки базен во рамки на СРЦ „Билјанини Извори“; Изградба на пет  нови училишни спортски сали; Бесплатен автобуски превоз за сите пензионери и лица со посебни потреби до сите приградски и селски населби; Субвенции за граѓани со ниски примања и граѓани со посебни потреби за трошоци од комунална сфера (вода, ѓубретарина, одвод); Изградба на современа пешачко-рекреативна патека од СРЦ „Билјанини Извори“ до хотел „Парк“; Изградба на современа пешачко-рекреативна патека од населбите Далјан и Воска, преку Канео, до Градското пристаниште; Изградба на мал плоштад под комплексот „Долна Порта“; Изградба на плоштад во Горна Влашка Маала; Изградба на модерен објект за автобуска станица; Изградба на Дом за стари и изнемоштени лица; Изградба на три марини во Воска, Старо Пристаниште и Канал; Изградба на модерен Аква-парк; Изградба на Спортско-рекреативен центар во комплекс „Касарна“; Изградба на Младински културен центар.

PetreskiPrograma02 PetreskiPrograma03 PetreskiPrograma04 PetreskiPrograma05WebOhrid