Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 18-ти декември (петок), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобен Нектариј Битолски и свети Сава Освештен“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На 19ти декември (сабота), во црквата „Свети Никола“ – Ѓеракомија, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Николај Мирликиски Чудотворец“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.