Индексот на цените во земјоделството кај инпутот и аутпутот е намален

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.6%, а кај аутпутот е намален за 0.1%.

Во ноември 2015 година, во споредба со ноември 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за
инвестиции во земјоделството) изнесува 100.6.

Во делот аутпут, во ноември 2015 година, во споредба со ноември 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 100.9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97.5.