21 декември – неработен ден за припадниците од турска заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ , 21 декември (понеделник), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.