Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на свечена академија која се одржа по повод 21 година од отворањето на Државниот Универзитет во Тетово.
„17 Декември е значаен ден во историјата на Албанците во Македонија. Токму на овој датум, се потпиша најважниот чин на образованието и науката на Албанците во овие територии – Одлуката за основање на Универзитетот на албански јазик во Тетово“, истакна министерот Адеми во своето обраќање, напоменувајќи дека само преку образованието на мајчин јазик, може безбедно да се чекори кон унапредувањето на позицијата на Албанците во Македонија.
Државниот Универзитет во Тетово, додаде Адеми, од 1994 години до неговото признавање, поминал големи предизвици и дека не може да се заборави и волјата на првиот ректор , проф.д-р. Фадил Сулејмани и ректорот проф. д-р Агрон Река и волјата на студентите кои што до последен момент не се откажаа од легитимното барање за високо образование на албански јазик.
„Државниот универзитет во Тетово од страна на државате беше легализирано речиси десет години по основањето. Денес, Државниот универзитет во Тетово е модел за успешен развој во сите области. Со објекти и современа инфраструктура, со образовен, научен и стручен кадар и со проширување на факултети речиси низ сите градови во Македонија“, рече Адеми.
Овој храм на знаење и развој на Албанците во Македонија, потенцираше министерот Адеми, ќе добие уште два нови факултети, односно Педагошки факултет и Факултет за земјоделство и студентски дом, при што ќе се изгради целосен мозаик на една висока образовна и научна установа.
„Ние како Министерство за образование и наука, донесовме Одлука буџетот на Државниот универзитет во Тетово значително да се зголеми, така што во текот на 2016 година, Универзитетот ќе биде втора институција со повеќе буџет во Македонија“, напомена Адеми.
Министерот Адеми, изрази благодарност кон двајца многу познати личности кои беа наградени со титулата почесен доктор на науки од страна на Универзитетот, д-р Омер Џемаили и американскиот дипломат Џејмс Пердју
„Д-р. Џемаили најдобриот албански кардиохирург кој ја извршил првата операција за трансплантација на срце, каде што сите ние се гордееме, односно неговиот успех ќе посакуваат да го постигнат и многу студенти од универзитетот. Апелирам до Медицинскиот факултет да ги отвора вратите за ангажирање на д-р Џемаили и на другите професори, да им овозможат на нашите студенти да научат од експертите од ова област“, додаде Адеми, во своето обраќање пред присутните.