Се чисти трската кај Мазија

ЈП „Охридски Комуналец” по договор со „Хидробиолошкиот завод“ – Охрид го чисти делот кај трската на Мазија пред хотел „Милениум” каде што е засаден локвањот.

FotorCreated

„Ангажирани беа 2ца работници кои од крајбрежниот појас со вили и гребла го отстрануваа пластичниот отпад, а од длабинскиот дел отпадот се отстрануваше со помош на кајче.“– велат од препријатието.

DSCN2533

Додаваат дека била отстранета поголема количина на пластичен и комунален отпад, а во наредните денови ќе се отстрани трската која е откорната по природен пат, исто по барање на „Хидробиолошкиот завод“ – Охрид.

FotorCreated1