Новогодишен хуманитарен концерт во Центарот за култура

Празници се ближат и вистинско време е да бидете хумани и израдувате некого.

Не пропуштајте ја приликата да уживате во прекрасните изведби на охридските музичари Петар Маркоски, Дамјан Пејчиноски, Богдан Василевски, Ѓоко Танески, The Bacdoor Band, кои ќе бидат носители на Новогодишниот хуманитарен концерт, што во организација на Црвен крст Охрид ќе има за цел музиката и забавата да ја преточи во хуманост.

Средствата собрани од продажбата на влезници и прекрасни новогодишни креации изработени од децата од Оригами клубот при Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за набавка на новогодишни подароци и пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца.

Овој весел декември нека биде и хуман. Дојдете да се забавуваме и подаруваме на Новогодишниот хуманитарен концерт што ќе се одржи на 22-декември (вторник) во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

За добриот звук ќе се погрижат „ЕЛБО“ Охрид, а волшебниот новогодишен изглед на сцената ќе го овозможи „ИМПАКТ ГРУП“.

PLAKAT 1