По повод новогодишните празници во сите училишта на територија на Општина Дебрца во рамките на проектот од МОН „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ се реализираа работилници за изработка на новогодишни украси. Во изработката со свои идеи учествуваа учениците, наставниците и родителите.
Дел од изработените новогодишни украси учениците ќе ги подарат во Домот за стари лица во Охрид, а останатите новогодишни изработки ќе бидат изложени во училиштата и за истите ќе бидат организирани продажни акции.