Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на наставата на турски јазик

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески , по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Р. Македонија.

Употребата и образованието на мајчиниот јазик се најзначајните човечки права преку кои се создава, чува и промовира идентитетот на народите. Со денешното празнување уште еднаш потсетуваме на долгата традиција на соживот и заедништво во Република Македонија претставено преку негување на различните култури, традиции и религии, кои нe поврзуваат и обединуваат. Турската заедница е почитуван и значаен дел во Охрид и во целокупното македонско мултикулктурно општество. Ваквите празници ја потврдуваат нашата долгорочна посветеност за негување и унапредување на меѓусебните односи во државава но и негуавње на пријателството со Р. Турција. Сплотени, заедно и во иднина да продолжиме да ги негуваме културните особености и да работиме на промоција на културниот, образовниот, економскиот и општествен развој на Охрид и Република Македонија“, стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.