Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ „Дарувај од срце“

Денеска, Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвен Крст ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“, ширум Македонија.

Целта на оваа хуманитарна акција е да се помогне на социјално загрозените семејства во Република Македонија, преку донирање топла облека и обувки.

Хуманитарната акција се спроведе во сите градови во Република Македонија, од членките на локалните форуми на жени на СДСМ.

Во Скопје, акцијата започна во паркот Жена борец. По собирањето донации, тимот на Форумот на жени на СДСМ се упати кон просториите на Црвен крст и таму ја предаде донацијата.