Хуманитарна акција „Дете за дете“ во ОУ „Дебрца“

Основното училиште „Дебрца“организираше хуманитарна акција за Новогодишните празници под мотото од „Дете за дете“.

Учениците заедно со нивните родители и наставници активно се вклучија во оваа хуманитарна акција покажувајќи ја својата солидарност и детска топлина за нивните другарчиња на кои им е потребна поддршката.

Во акцијата се приклучија и градоначалникот на Општинана Дебрца, Игор Трајкоски и директорот на Јавното комунално претпријатие Дебрца.

Новогодишни подароци ќе бидат дониранирани на сите дечиња од социјално загрозените семејства во Дебрца, покажувајќи им дека и тие се дел од Новогодишната и Божиќната магија.